речник контакт

Машка година, се родија две бебиња за неколку часа

И двете бебиња се машки и напредни, тешки повеќе од 4 кг. лани во Болницата се родија 789 новороденчиња. Само шест пијанства изминатата ноќ

Петар Печков

Во првиот ден од Новата 2013 година во акушерското одделение на Велешката Болница се роди првото бебе, машко. Го роди Сафета Мусовска ( 29 год)  од велешкото село Сливник.

Здраво машко бебе се роди во 44 минути по полноќ. Тоа е тешко  4,3 кг. ова е нејзино второ дете, првото е женско. Утринава имавме и второ породување во 7 часот утрово, исто така машко бебе на родители од селото Дорфулија и тоа малку потешко 4,3 кг. Минатата година во нашето одделение се родија 789 бебиња, и нивниот број последните години нема поголеми варијабили– рече гинеколог д-р Ристо Гашев.

Годинава з разлика од минатите не чекавме со денови за новото бебе. Дојдов да и го честитам бебето, да и посакам добро здравје и нејзе и на бебето, со надеж дека следните години ќе имаме поголем број новороденчиња – рече градоначалникот Горан Петров.

Во Интерното одделение немале толку работа, во Новогодишна ноќ донесени се шест случаи на препиени тинејџери, и машки и девојки. Но сите по укажаната помош се пуштени дома.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »