речник контакт

Мајка пријавила дека кај нејзиниот малолетен cин пронашла дрога

Полицијата ќе истражува како детето дошло до дрогата

Петар Печков

Мајка пријавила дека кај нејзиниот малолетен син, пронашла дрога. Полицијата со детали за настанот.

„На 24 ноември  во Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР- Велес дошла 48-годишна велешанка заедно со својот малолетен син и предала две пакувања со марихуана и бела грутчеста материја кои ги пронашла кај нејзиниот малолетен син“ - информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Полицијата  презема мерки за расчистување на случајот, како кај детето се нашла дрогата, кој му ја доставил.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »