речник контакт

Мајката и таткото минале илјадници километри од Авганистан за да го идентификуваат синот

Идентификувано првото лице од железничката несреќа кај Велес, во која загинаа 14 мигранти

Петар Печков

Идентификуван е еден од 14-те загинати мигранти, кои загинаа  во сообраќајната несреќа  на пругата близу Велес. Тоа е 17 годишниот Халил Панахи од Авганистан.  Неговите родители кои  биле на минување низ Македонија, решиле да дознаат каква судбина имал синот, за кого  слушнале дека загинал, но сакале да ја потврдат за  нив оваа сурова вистина. Препознавањето се случило пред доаѓањето на Новата година.  

Мајката и таткото на момчето,заедно со нивните деца беа во Македонија, на пропатување за  некоја од земјите на Запад. Тие дознале дека нивниот син загинал во железничката несреќа и бараа да го идентификуваат. Беа сместени во Прифатниот центар во Скопје, побараа и  добија дозвола од Јавниот обвинител до Велес и двајцата родители беа во Полициската станица во Велес. Идентификацијата беше врз основа ан фотографии, кои беа чувани во нивната документација. Поради шокантноста  фотографиите ги виде само таткото, не и мајката, таа не  ќе можеше да го издржи ова. Таткото потврди дека тоа е нивниот син Халил,  кој имал 17 години - рече Јасмин  Реџепи, претседатела на   Невладината   Легис, со чија помош е остварена идентификацијата.

По неа фамилијата Панахи заминале на местото од заедничката гробница, каде се погребани сите 14 лица. Го посетиле гробот на најстариот син и следниот ден ја  напуштиле Македонија, заедно со останати четири деца.  

Таткото објаснувал дека нивниот си Халил заминал уште во февруари минатата година од  Авганистан, со желба за  подобро утре и иднина. Во одреден период имале комуникација, знаеле за неговото движење, но потоа се изгубил траг од него. Од сведоците на настанот, посредно Панахи дознале дека синот  загинал во железничката  несреќа  на 24 април, минатата година, близу Велес.  

Од велешката полиција додаваат дека  ова е првото лице идентификувано од железничката  несреќа. Од сите починати има земено ДНК за утврдување на нивниот идентитет, но досега никој освен семејството Панахи не пројавил интерес за идентификација.  Во несреќата загинаа 14 мигранти. Наспроти првичните информации дека тие спиеле, кога на нив наишол воз, сведочењето на преживеаните било сосема спротивно и различно.   

Од сведочењето на сведоците, дознавме дека дошло до меѓусебна расправија помеѓу Авганистанците и Сомалијците кои минеле по  пругата. Тие почнале да се каменуваат меѓусебно и не го виделе доаѓањето на возот.  Во ранците од багажот на загинатите најдовме некои патни исправи, но на сите беше ист ден на раѓање. Ова упатува дека податоците не се сосема  точни - изјави Славица  Темелковски, јавен обвинител од Велес, која го работи  предметот за ова железничка несреќа.

Овие документи кои се пронајдени во багажот се издадени во Грција при влезот на мигрантите во таа земја. Според сведоците 13 од лицата била од  Авганистан  еден од Сомалија. За оваа железничка несреќа се работи на вештачење, дали машиновозачот ги презел сите неопходни работи или имал пропусти за да го сопре возот, кој возел со брзина од 80 км/ч.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »