речник контакт

Медеја на турски театар, вечерва во Стоби

Претставата ги истражува лошите страни да се биде жена во патријархално општество.

Петар Печков

  Вечерва на фестивалот на Античка дрма ,,Стоби,, ќе биде прикажана претставата ,,Медеја,, од Еврипид во изведба на БиТеатрал од Истанбул Турција, во режија на Зураб Сихарулиџе.  Претставата ги истражува лошите страни да се биде жена во патријархално општество.

Еврипид го оформил ликот на Медеја за да ги искаже внатрешните чувства на страст, љубов, одмазда. Медеја е нашироко прифатена како прафеминистички текст,  иако понекогаш и  како израз на  омраза кон жените – вели режисерот Сихарулиџе.

Во претставата анстапвуаат Ајше Лебриз Беркем, Берг јајкин, Гизем Ередем, Дамла Екин То.  Почетокот е во 21 часот и ова е петта претстава во натпреварувачка категорија за една од четирите награди кои ќе бидат доделени наредната сабота. Во 2004-тата 2004 година претставата “Медеја” на Градскиот театар од Истанбул ги освои наградите за најдобра режија и најдобра женска улога.
                       

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »