речник контакт

Мерено присуство на глукоза во крвта кај велешани

Акцијата е спроведена од Здружението на дијабетичари од Велес, Шеќерче-Лолипоп“

Петар Печков

Здружението на дијабетичари од Велес,  „Шеќерче-Лолипоп“ за светскиот ден на  дијабетесот   организираше проверка на гликемија,  концентрација на глукоза во крвта. 

Настанот кој се одржал на 18 ноември пред платото на велешки театар,  бил под мотото „не биди сладок“ и се организирал заедно со  граѓанската организација „46664“.

„Беа тестирани 91 наш сограѓанин, средното ниво на гликоза е 7.2. Кај четворица  сограѓани кои немаат симптоми на дијабетес, беа најдени високи вредности во дијапазон од 15 mmol/l до 18,2 mmol/l“ - соопштија од Шеќерче-Лолипоп“.

Затоа ги  повикуваат граѓаните  на редовна контрола на нивото на гликоза, за избегнување на кризни состојби.

За време на мерењето на минувачите пред зградата на театар,  се доделувале лебови за дијабетичари од Жито лукс Скопје. Настанот бил помогнат од Лајонс клубот од Велес.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »