речник контакт

Мерната станица за квалитетот на воздухот во Велес не работи

Мерната станица за квалитетот на воздухот „Велес 2“ е поставена во дворот на градинката во населба Тунел

Петар Печков

Мониторинг станицата која го покажува квалитетот на воздухот во Велес, една седмица не работи.  Таа е исклучена од 1-ви април и не ги покажува дневните вредности на ПМ10 честички и на Ѕ02 кои ги мери.  

„Климатизерот кој ја регулира потребната температура во просторијата каде е опремата, не е во ред, поради што е исклучена од функција.  Од службите на Министерството за животна средина не информираа дека дефектот ќе биде отстранет во текот на денешниот ден“ - кажа градоначалникот Аце Коцевски.

Мерната станица за квалитетот на воздухот „Велес 2“ е поставена во дворот на градинката во населба Тунел. Одредени студии доаѓаат до заклучок дека емисиите на издувни гасови влијаат и врз стапката на смртност од коронавирус.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »