речник контакт

Мерните инструменти за квалитетот на воздухот треба да проработат есенва, пред почетокот на грејната сезона

Кога во понеделникот вечерта градот беше обвиен во црн чад, граѓаните не знаеја каков воздухот дишат

Петар Печков

Големиот пожар од понеделникот попладне, кој ја зафати околината на градот, предизвика во ноќните часови жителите на Велес да дишат чад. Густиот дим предизвикан од запалените 200 хектари црна борова шума, влијаеше на квалитетот ан воздухот. 

Но велешани не знаеја каков воздух дишат, оти мерните инструменти на Министерството за животна средина во Велес, не се во функција повеќе од година дена.  Прашан премиерот Заев, при неговата посета на опожареното подрачје, белите дробови на градот, шумата околу езерото Младост, кога ќе бидат во функција мерните инструменти, тој најави нивна работа до крајот на годинава. 

Со Програмата која ја отворивме како посебна вредна 1,5 милион евра, дел од овие средства се наменети за апаратите за  мерењето на квалитетот на воздухот. Така граѓаните ќе можат да бидат главниот контролор, и сами да вршат мониторинг на квалитетот на воздухот кој го дишат - кажа премиерот Заев.  

Во пожарот кој  десет часа ја уништуваше шумата, околу езеро Младост и на периферијата на градот. При тоа беше зафатен и отпад Дине, каде изгореле околу 4 тони пластика а чадо и согорувањето од нив, го дишеа велешани. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »