речник контакт

Месец и половина „Колска“ без директор, вагоните сработени, нема кој да набави лак и боја да се завршат

Тие при недамнешниот престој на премиерот Ковачевски во Велес, му се пожалиле лично за ваквата состојба а бил запознаен и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски

Петар Печков

Вработените од фабриката за шински возила „Колска“ реагираат што ниту по месец  и половина немаат  поставено директор, откако Владата на 13 октомври го разреши тогашниот раководен кадар.

Работниците  посочуваат дека имаат завршени обврски кои биле тековни, но им фали репроматеријал за да може вагоните да  се вратат на нарачателот.

„Десет коли се готови, но нема боја, нема  лак за да може да се довршат и бидат испорачани. Немаме репроматеријал за работа, оти немаме директор и нема кој  да набави и плати. Премногу долго се бара кадар за замена. Очигледно дека нема интерес да се дојде во фабрика која има блокирана сметка, си барат да директоруваат до добро стоечки фирми и јавни претпријатија, каде пари има во изобилие “ -велат вработените.  

Тие при недамнешниот престој на премиерот Ковачевски во Велес, му се пожалиле лично за ваквата состојба а бил запознаен  и министерот  за транспорт и врски Благој Бочварски.

Нa, 90-та седница на Владата одржана на 13 октомври , ги разреши управителот и членовите на Надзорниот одбор. Образложението беше дека раководството на фабриката покажало негативни финансиски резултати во работењето и покрај тоа што на овој субјект била  доделена финансиска поддршка од страна на Владата.

Претходно два дена работените од фабриката „Колска” протестираа на Железничка станица Велес,  барајќи да се одблокира сметката на компанијата поради заостанат долг од околу 650 илјади евра направен за периодот од 2013 до 2017 година.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »