речник контакт

Месецов велешки театар нуди девет претстави, меѓу нив и „Едвард Втори“

Нема најави за одигрување на детска претстава во продукција на театарот, за крај на годината

Петар Печков

Велешки театар со Институтот за македонски јазик „Крст Петков Мисирков од Скопје, среда вечер ќе имаат заеднички настан. Од 18 ч. е предвидена трибина со модератор проф. д-р- Веселинка Лаброска а од 20 ч е перформанс во режија на Дејан Пројкоски.   Настанот е именуван „Мисирков, отпосле...“
 
Во текот на овој месец предвидени се одигрување на претставите „Синиот портокал“, „Нема струја за електричниот стол“, „Сара“, „Слуга на двајца господари“, „Четири соби“, „Татко“, „Лепа Ангелина“, „Драма изгубена во времето“, на сцената по подолго време, по премиерата во септевмри  ќе биде одиграна „Едвард Втори“. Предвидени се гостувања на   два алтернативни театри, театарот Златен елец со „Добри луѓе“ и театарот Вортекс со „Песјо срце“ .

Од понудената програма на велешки театар може да се забележи дека во последниот месец од годинава, кога традиционално тој подготвуваше сопствена продукција на новогодишна претстава за деца, овој пат ја нема во понудата.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »