речник контакт

Метална статива паднала врз дванаесет годишно дете

Поради бројните скршенци на шаката, детето е префрлено на Пластична хирургија во Скопје

Петар Печков

Четвртокот попладне, дванаесет годишно дете се здобило со тешки повреди на раката, откако врз него паднала метална стативата на  игралиште во Градскиот парк. Поради тежината на скршеницата, детето е префрлено на клиниките во Скопје.

На 31 октомври  во 16.25 часот во Полициска станица Велес било пријавено дека во Итната медицинска помош во Велес со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Велес. Според пријавеното, врз него паднала метална статива на игралиште во градскиот парк во Велес- информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.  Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.

Од велешката Болница соопштија дека поради тежината на повредите на десната шака, детето е префрлено на Пластична хирургија во Скопје. 

Околу 17 ч. во Болницата е донесен дванаесет годишен пациент, со скршеници на десната шака. Снимките покажале дека има бројни скршеници и откако му е укажана неопходната помош, а поради тежината на повредите пациентот е префрлен на Клиниките во Скопје - соопшти д-р Тоше Јаковлев, портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »