речник контакт

Метео станицата работи ама медиумите не ги објавувале резултатите

Најтопло деновиве беше на 31 март во 16 ч. од 25 степени

Петар Печков

Мина една година откако Велес доби метеоролошка станица. Поставена е во близина на зградата на Болницата и тамошниот хелиодром.   Тогаш беше најавено дека наскоро велешани ќе можат да  добиваат податоци за температурата, врнежите, брзината  и правецот на ветерот.

Но по 12 месеци, податоците кои  нетрпеливо ги чекаа, велешани  никако да ги добијат. Никаде ги нема, не е познато на колку степени живееме лете или зиме, дали и колку вренжи паднале и од која страна дува ветерот.   На поставеното прашање до надлежните од Управата за хидро-метеоролошки работи на Македонија, одговорот е дека апаратот работи ама никој не ги прикажува вредностите.

 Медиумите креираат свои табели и ние тука не можеме да се мешаме во нивната уредувачка политика, што тие ќе објавуваат. На веб страната на нашата служба  тие можат да се видат и прочитаат, исто како и прогнозите за наредните денови  - изјавија од УХМР. 

ТРМР ќе се обиде технички да ја реши оваа новина и наскоро дневните вредности кои се однесуват за Велес, посетителите редовно да ги добиваат и бидат достапни за јавноста. Патем за илустрација и  за пример највисока темепратура деновие кои изминаа во Велес беше на 31 март, четврток  во 16 часот од 25 степени. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »