речник контакт

Метеор го осветли велешкото небо

Во петокот вечерта околу 19,25 часот силен блесок го осветли небото над Велес, поради метеор. Стручњаците велат не бил НЛО ( неидентификуван летечки објект) туку метеор

Петар Печков

Силен блесок, како ден во петокот вечерта го осветли негото над градот. Велешани оваа појава имаа можност да ја видат тие што беа во темнина додека останатите тешко ќе можеа да ја видат од светлината на уличноте ламби. По силниот блесок се појави и ,,огнена топка,, која по 2-3 секунди  патување низ небото изчезна.

Стручното објаснување стигна подоцна од Србија, паднал метеорит на нивната територија.  Од Астономското друштво „Руѓер Бопшковиќ“ од Белград за српските медиуми изјавија дека е можно на небото да бил забалежан болид, небесно тело кое е посветло од планетата Венера и кое при распаѓањето создава звучни ефекти, поради пробивањето на звучниот ѕид. Силна светлост била забележана и од луѓе во северна Македонија и југоисточно Косово.

Како што јави РТС, дел од метеор паднал во селото Сушевље во реонот на Грделичката клисура. Очевидци тврдат дека виделе светлечки објект како паѓа кај Сараевскиот мост на влезот во Грделичката клисура. Светлоста била заслепувачка, проследена со силен татнеж.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »