речник контакт

Метрудхем е новиот сопственик на МХК Злетово

„Метрудхем“ е новиот сопственик на МХК Злетово, ова е одлука на Апелациониот суд од Скопје

Петар Печков

„Метрудхем“ е новиот сопственик на МХК Злетово, ова е одлука на Апелациониот суд од Скопје постапувајќи по жалбата на Општина Велес и „Кјуби Македонија“, а истите ги отфрлил како неосновани. Затоа пак ја потврдил одлуката на Собранието на доверители на МХК Злетово од 29 октомври кое за 2,25 милиони евра ги даде комплексот Металургија – Топилнца и комплекс Хемија - фабриката за вештачко ѓубре ХИВ на „Метрудхем“ ДООЕЛ Скопје.

Фирмата е регистрирана од белграѓанецот Борис Коленц непосредно пред тендерот за продажба, на Британските девствени острови со почетен капитал од еден милион евра.  По добивањето на одлуката на Апелација, новиот сопственик е должен да ги уплати парите во рок од осум дена, по што тој и правно ќе стане сопственик на МХК Злетово а ќе се отстранат дилемите во јавноста дека поради ниската цена на оловото и цинкот на светските берзи тие повеќе немале интерес за превземање на комбинатот.

Ваквата одлука на Апелациониот суд од Скопје, велешките екологисти ја  окарактеризиираа како „смрттна пресуда за градот“ ја осудија и најавија дека правото на здрав живот ќе го бараат пред меѓународниот суд во Стразбур. При неодамнешната посета на Велес, помошник министер за животна средина Соња Лепиткова најави дека за евентуален рестарт на Топилницата ќе се бара „А“ интегрирана дозвола  и дека тие ќе го почитуват законот а во таков случај ќе биде мошне тешко, скоро невозможна мисија да се добие  дозвола со ваква опрема во објектот.

На тендерот за продажба учествуваше и турска компанија, но нејзината понуда не беше отворена по што беше дискавлификувана бидејќи уплатила помалку од сумата, еден милион евра која се бараше со тендерот. Откако оваа одлука турците ја обжалија и добија, тие неочекувано го подигнаа депозитот се повлекоа и си заминаа.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »