речник контакт

Метрудхем си ја зема апаратурата за мерење на квалитетот на воздухот

Беше лоцирана во кругот на Болницата

Петар Печков

Од пред два месеци апаратурата за мерење на квалитетот на воздухот, која беше лоцирана во кругот на Општата Болница во Велес исчезна. Ја снема. Имаше дилеми каде таа заврши и каква е нејзината судбина. Одговорот на оваа дилема која беше присутна кај познавачите на екологијата во градот го даде директорот на Болницата.

Комплетната барака ја подигнаа сопствениците на велешката Топилница, Метрудхем. Дојдоа со валидни документи, покажаа дека е нивна своина и ја однесоа – изјави д-р Атанас Василев.

Тие не споменале каква ќе биде судбината на апаратурата и каде ќе заврши. Таа се додека работеше Топилницата до 2003-тата ги мереше вредности на тешките метали, ЅО2. СО2.  Истата е доста скапа со оглед на мерните инструменти што ги имаше таму. Таква иста имаше уште една, близу до некогашниот хотел Вила Зора.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »