речник контакт

Мечките го јадат медот и оштетуваат пчелни сандаци а сопствениците се упатуваат на суд, оти нема комисија за проценка на штети

Штети се констатиани кај пчелари во Еловец, Грнчиште, Извор, Р`левци.

Петар Печков

Мечките го јадат медот и уништуваат пчелните сандаци а сопствениците не можат да ја наплатата штетата. На ова реагираат  велешани кои одгледуваат пчели, откако пролетва мечки им искршиле сандаци. Тоа се случило на различни локации во општината, Еловец, Грнчиште, Извор, Р`левци.  Бидејќи сандаците биле на различни локации, оддалечени меѓусебно со  десетина километри, сопствениците сметаат дека не станува збор за една мечка која ја предизвикува штетата, туку за повеќе.

„Проблемот е што нема комисија која е надлежна за вршење увид и за проценка на обесштетување на нас сопствениците. Таа постела и лицата на кои им биле оштетени сандаците преку Министерството за земјоделие, можеле да реагираат. Таква комисија не постои, можеби две -три години и нас сега не упатуваат да одиме на суд. Тоа е долга и несвесна постапка. Имам пријател кому  му беше нанесена штета, а не може да си ја наплати. Тужеше, треба вештак да се обезбеди кој ќе процени штета, па на Апелација му ја вратија пресудата  на ново судење и две години чека, каков ќе биде исходот за да биде обесштетен, ако таму му досудат“ - вели  пчелар од Велес, кому пролетва му биле уништени 10-тина пчелни сандаци.

До сега во ПЕ на Министерството за земјоделие во Велес имало само една пријава за сторена штета од мечка, врз сандаци за одгледување на пчели. Бидејќи ова животно, мечката е заштитено со закон, додека постоела Комисијата, таа ја одредувала вредноста и државата ја исплатувала. Сега мораат пчеларите да одат на суд.  

„Непостоењето на Комисија не е пречка да се оствари правото на надомест на штета  во судска постапка пред надлежните судови, бидејќи  во  одредбите од Законот за облигациони односи  е пропишано дека за штетата  причинета од дивеч за кој е пропишана трајна забрана за ловење одговара државата, доколку не се докаже дека штетата  настанала по вина на оштетениот. Согласно податоците со кои располага Секторот за нормативно правни работи за 2021 год., поведена е една  постапка  за штета причинета од дивеч под трајна заштита(мечка). Немаме информација за пријави за штети настанати од мечки врз сопственици на сандаци за пчели, бидејќи во април 2020 година, Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство ја укина комисијата на барање на Јавното правобранителство. Во тек е постапката за формирање на комисија по барање на Владата“ - соопштија од Министерството за земјоделие.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »