речник контакт

Меша и Медо пред најмладата кино публика во Велес (видео)

Премиери и на трилерот „Ќерката на Кралот на мочуриштето“ и македонскиот криминалистички „Најголемата вистина 2“

Петар Печков

Седум филма на репертоарот на 3Д киноверзум во Велес во наредните седум дена, три од нив се премиери.

Македонскиот филм „Најголемата вистина“ во режија на Мартин Цветковски, добива продолжение кое премиера пред гледачите ќе има во Велес. Кој е извршителот на убиствата од првиот дел, ако не е Максим, бидејќи Ана физички не е доволно силна да ги изврши убиствата на жртвите? И најважното од се – каде е таткото на Максим и Ана ?

"МАША И МЕДО – УШТЕ ПОЗАБАВНО!"од 30 ноември синхронизиран на македонски.  Дванаесет месеци волшебни моменти и впечатливи авантури! Доживејте ја волшебната Божиќна приказна за Маша и Медо. 

Третата премиера е на трилерот  „Ќерката на Кралот на мочуриштето“. Храбрата млада мајка се соочува со своето киднапирано минато кога нејзиниот осуденик татко се ослободува. Убедена дека ќе ги таргетира нејзините ќерки, таа е во мисија да ја пронајде и елиминира заканата.

Филмот „Наполеон“, најгледан во светот изминатиот викенд, ја раскажува приказната за доаѓањето на Наполеон Бонапарта на власт и за неговиот однос со сопругата Жозефина,   за порастот на славата и моќта. Во филмот ги има и битките кај Аустерлиц, Бородино, Ватерло, за Пирамидите во Египет..  Режија и продукција се  на Ридли Скот, авторот на Гладијатор, Алиен, Блејд ранер, Ханибал, Робин Худ. Наполеон го игра Хоакин Феникс.

Филмот „Соба за убивање “ американски трилер.  Во него играат Ума Турман, Џо Манганиело, Маја Хоук, Деби Мазар, Дри Хемингвеј и Семјуел Л. Џексон. Платен убиец, неговиот шеф, трговец со уметнички дела и шема за перење пари што случајно го претвора атентаторот во сензација преку ноќ.

Анимираниот „Титина“ е насинхрозниран нa македонски јазик . Титина е забавна и возбудлива приказна за речиси заборавеното патување и откритие: Oсвојувањето на Северниот пол во 1926 година со воздушна експедиција. Италијанскиот аеронаутички инженер Умберто Нобиле ужива во друштво на своето сакано куче Титина, кое го спасил од улиците на Рим. Еден ден, познатиот норвешки истражувач Роалд Амундсен го контактирал со намера да го освои Северниот пол со воздушен брод. Нобиле се стреми да ја искористи шансата и да направи историја. Тој ја носи Титина со себе каде што неверојатното трио тргнува во потрага по последното неоткриено место на Земјата. Нивната потрага е успешна, но после тоа двајцата мажи почнуваат да се борат за славата… Низ очите на четириногата Титина се открива вистинската приказна за триумфот и поразот.

Анимираниот филм од студиото на Дизни „Желба“.  Внимавајте што посакувате. Од Дизни ни доаѓа филмот Желба - приказна за една девојка која си замислува желба на ѕвезда што паѓа... Но, планот се менува кога една ѕвездичка што предизвикува проблеми ќе слезе од небото и ќе ѝ се придружи во нејзината авантура.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »