речник контакт

Меѓународен кајак куп на Велес, на реката Вардар

Учествуваа 50 кајакари од десетина клуба, меѓу нив и од Србија

Петар Печков

На патеката Стар мост во Велес се одржа Меѓународен Куп натпревар во кајак на диви води “Вардар Куп 2013”, Во дисциплината К-1 (Мажи) Сениори, првото место го освои Борче Мирчевски (КК „Вила Зора” Велес), втор заврши Душан Стоилковиќ (КК „Гусар” Ниш, Р. Србија), додека трето пласиран беше Ване Рибарски (КК „Вардар” Велес).

Во дисциплината Ц-1 (Мажи) Сениори, првото место го освои Александар Јаниќ (КК „Гусар” Ниш, Р. Србија). Во јуниорска категорија во дисциплина К-1 (Мажи) Јуниори, првото место го освои Александар Златаров, (КК „Илинден” Скопје), втор беше Стефан Кочов (КК „Вардар” Велес), додека трет низ целта мина Вили Јорданов (КК „Илинден” Скопје).

Овој кајак куп натпревар беше под покровителство на Општина Велес, а во организација на Кајак Кану Клуб Вардар од Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »