речник контакт

Меѓународните возови не сообраќаат ниту кон Солун, ниту кон Белград

Србите ја поправаат пругата, во Грција мигрантите ја блокираа

Петар Печков

 Велес железнички е меѓународно блокиран. Меѓународните возови број 335/334 и 337/336 на релација Белград – Солун и обратно,  се за внатрешна употреба, на релацијата Табановце - Гевгелија и обратно. Не возат ниту кон  Белград, ниту кон Солун. Од 18 април експресот не сообраќа кон Белград и така ќе биде  до 18 јуни.  Причина за двомесечниот прекин е поради изведување на  градежни работи на железничката линија на територијата на Србија, на делницата Ниш до  Прешево  и државна граница со Република Македонија.

 Не  сообраќа ниту  меѓународниот воз  до Солун и обратно. Поради штрајк на миграните, кои ја имаат запосднато пругата кај Идомени. овој воз не сообраќа еден месец  неизвесно е кога ќе  бидат отстранети протестантите од пругата.  

 Така патниците од Велес кои сакаат со воз да патуваат до Белград - Србија  или Солун Грција  во наредните  месеци ќе треба да користат друг превоз.  Затоа пак останува да сообраќа овој воз на внатрешната релација Табановце - Гевгелија и обратно.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »