речник контакт

Меѓународно признание за Хотелот ,,Гарденија,, во Белград

Доби награда ,,за нов квалитет во туризмот,,. Деновиве во ,,Гарденија,,беше видена Славица Еклстон

Петар Печков

На меѓународниот традиционален саем на бизнис туризмот, кој минатиот викенд се одржа во Белград, ,,Хотелот & спа ,,Гарденија,, од Велес доби награда ,,Туристичка призма,, .

На саемот кој се одржа во Белградскиот хотел ,,Зира,, наградени беа 11 туристички организации и хотели од Југоисточна Европа. Тие добија признанија за ,,нов квалитет во туризмот,, и со овие награди саат да се подигне нивото  на туристичките услуги и да се стимулираат туристичките идеи во туризмот во регионот.    

Меѓународното новинарско жири избра 11 добитници на наградата ,,Призма 2016,, Меѓу нив е и ,,Хотелот & спа ,,Гарденија,,. Сопственикот Зоран Мирсинов истакна дека ова награда е признание за вложувањата во туризмот и подигнувањето на нивното на услугите кон гостите.  

Остана запишано дека пролетва како гостин во Хотелот  престојуваше 60 милиони евра скапиот фудбалер на Уругвај и ПСЖ Кавани. Беше гостин и Балканската поп ѕвезда Жељко Јоксимовиќ.  Деновиве пак во Хотел ,,Гарденија,, е видена Славица Еклстон.  

На листата на добитниците се наоѓаат и: ресторанот ,,Стара кафана,,Белград, хотел Галерија – Суботица, Хотел ИН Белград, Дукли хотел Будва, Хотел Пунтијар Загреб, Хотел и ресторан Сенгалија  Скопје, Римски терми од Топлица Словенија, туристичката заедница на градот Крк –Хрватска.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »