речник контакт

Мигрант при обид со воз да ја напушти земјава, починал од струен удар

Инцидентот се случил нa железничка станица Демир Капија

Петар Печков

Вторникот попладне, на железничка станица Демир капија се случил инцидент, во кој смртно настрадал мигрант. Неговиот идентитет засега не е познат. Информацијата ја објави Центарот за управување со кризи, по информација добиена oд Македонски железници. 

„Во 17:15 часот поради тоа што на кровот на товарниот воз на релација Гевгелија – Табановце – Скопје на станицата во Демир Капија се качило лице и по допир со инсталацијата која што е под напон дошло до негова смрт“ - информираа од ЦУК. 

На лице место биле  излезени екипи на МВР, Пожарна и Брза Помош.

По завршување на увидот железничкиот сообраќај бил во застој  до 20.05 часот.

Ова не е прв случај мигрант смртно да настрада при обид со воз да ја напушти Македонија. Тие се качуваат на крововите од товарните вагони за да заминат за Србија, без знаење дека може да настрадаат од струен удар.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »