речник контакт

Мигрант се здобил со струен удар качувајќи се на воз, кај Миравци

Пакистанецот, кој бил дел oд група 20 мигранти, се здобил со изгореници на повеќе делови на телото и е префрлен на Пластична и реконструктивна хирургија во Скопје

Петар Печков

Мигрант од Пакистан,  доживеал струен удар и се наоѓа на Пластична и реконструктивна хирургија во Скопје за понатамошен третман. Ова се случило ноќеска, откако полицијата открила поголема група мигнати, кои со товарен воз сакале да заминат од Гевгелија.   Веста ја потврдија од МВР.

Ноќеска околу 40 минути по полноќ во ПС Гевгелија е пријавено дека на Железничка станица Миравци, во товарен воз  биел откриена група мигранти.  Кога дошле полициските служебници констатирале дека се дваесетина лица од Пакистан, Авганистан и Иран.  При  тргнувањето на возот, двајца мигранти се одвоиле од групата, трчајќи се качиле на возот, при што еден од нив Ѕ.А. (21 год). се  здобил со струен удар - информираа од МВР.  Повредениот со возило на итната помош бил пренесен во Општата Болница во Гевгелија. 

Пациентот е донесен околу 2 ч.  после полноќ, после струен удар од кој се здобил со изгореници на повеќе делови од телото. Дадена е потребната терапија и нега, и пациентот е препратен со возило на ИМП до ЈЗУ УК за Пластична и реконструктивна хирургија за понатамошен третман - информираа од Општа Болница Гевгелија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »