речник контакт

Мигрантите на патот за спас и кон ЕУ, завршија смртно

Сведочења на лица кои учествувале во истрагата на несреќата. Меѓу починатите имало и деца, жени...

Петар Печков

 Ноќеска околу 22,30 ч. експресниот воз Солун Белград  прегази 14 мигранти, кои се движеле по пругата. Несреќата се случила на половина пат помеѓу железничката станица Рајко Жинзифов и стојалиштето Пчиња.  Глетката на местото од  настанот е тешка и морбидна, парчиња и делови од телата се покрај пругата, како и облека  и багаж. Уште пострашна е во мртовечницата на градските гробишта во Раштани, каде се префрлени телата на починатите.  

Ужас е најблагиот збор што може да се каже. Делови од тела, се во вреќи, личи на мелено месо.  Некогаш човек нема зборови да каже што се  гледа - вели лице кое имаше контакт со местото каде се чуваат починатите. Се чека да заврши увидот на полициските службеници за да се добие дозвола за погреб на 14-те мигранти. Полициските екипи кои работа на увид на телата се со заштитни маски, бели ракавици, но на лицата им се гледа ужасот од работата која мора да ја сработат.  Слично било и  а кога првите велешани заминале за работа за Скопје со првиот утрински воз, во 5 часот. Кога стигнале на железничката, трагична слика.

Се качувавме на возот, кога на перонот до нас, што да видиме. Црни вреќи со починати луѓе. Не знаевме што се случило. Вагонот беше отворен и на него поставени  десетина тела. Беше темно не се гледаше најдобро, но беше трагично. Кондуктерот пота ни кажа за несреќата  - вели велешанец кој патувал утрото од железничката станица во Велес.  Бидејќи местото каде е служчна трагедијата е тешко пристапни, лекарските екипи на   Брзата помош од Велес едвај пристигнале до таму. Биле превезувани со воз на МЖ.  Но кога стигнале помош не можеле да дадат.

Ова со мигрантите е страшно, катастрофа .Сме биле и на други увиди, каде имало по еден или двајца прегазени. Ама овде беше нешто невидено, немам зборови со кој можам да ја опишам глетката. Ќе биде кошмар кој ќе ме следи цел живот - објаснува еден од  членовите на докторската екипа која била на лице место.  Виделе расфрлани органи од телата, препознале и деца и жени... Од велешкото јавно обвинителство кое го работи случајот велат дека прегазените мигранти се од Авганистан и Сомалија, тоа го раскажале дел од преживеаните.  

 Групата   бегалци броела повеќе десетици лица,   тие се движеле по пругата. Некои успеале да избегаат, откако го слушнале звукот на возот кој доаѓал. Тие што останале на пругата биле прегазени. Нивната бројка е 14 лица - велат од велешкото јавно обвинителство, кое го истражува случајот. Десетина успеале да се спасат  и тие кога дошла полицијата се пренесени во ПС Велес.  Од вработени во Железница, блиски  до машиновозачот, можеше да се дознае детали за моментот на несреќата, кој оставил силна лузна врз   возачот на локомотивата,кој го управувал  меѓународниот воз бр. 334.  

Местото на несреќата е тешко пристапно. Освен пругата нема можност каде да се избега, лево и десно се е шума. Групата која борела околу стотина лица, била забележана од машиновозачот. Тој почнал да свири и кочи, но со оглед  на брзината, потребни се најмалку 200 метри да сопре. Некои успеале да скокнат и се спасат а други  за жал биле удрени од локомотивата. Можете да замислете кога таква машина, толку моќна, тешка и голема е оштетена од ударот во група луѓе - велат вработени во  Железница.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »