речник контакт

Микро проект на младите волонтери на Црвен крст Кавадарци

Реализирана е активност да се соберат финансиски средства за доуредување на куќа и изработка на нова кујна на куќа на социјално загрозено семејство од Кавадарци

Петар Печков

Како секоја година така и оваа, Општинската организација на Црвен Крст  Кавадарци е дел од програмата Промоција на хумани вредности.

Учениците од ОУ ,,Страшо Пинџур” односно групата ,,Нова Шанса” реализирале активност се со цел да се соберат доволно финансиски средства за доуредување на sидовите и целосна изработка на нова кујна, на куќа на социјално загрозено семејство од Кавадарци.

Младинците со поддршка  од нивниот ментор ја започнаа реконструкцијата на ѕидовите, а во најбрз можен рок ќе биде завршена и кујната. Дисеминатор на групата е волонтерот Ристе Трајков од ООЦК Кавадарци.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »