речник контакт

Мил Ман со карикатури на тема спорт

Трета самостојна изложба на Мил Ман за неговата 25 годишна работа, овој пат на тема спорт

Петар Печков

Во ликовниот салон во Велес  беше отворена самостојна изложба на спортска карикатура на карикатуристот Миле Манчевски, на која беа претставени 38 карикатури од 18 спортови.

Ова е прва изложба на спортска карикатура отворена досега во Македонија. Во предговорот на неговиот каталог познатиот македонски коментатор Атанас Костовски пишува дека Манчевски го искажува својот раскошен талент, својот немирен творешки дух, својата врвна уметничка креативност.

Самостојната изложба на Миле Манчевски е во рамки на одбележувањето на неговото 25 годишно творештво во областа на карикатурата. Миле Манчевски објавувал карикатури во многу весници и списанија како „Вардарски глас“, „Време“, „Остен“, а учествувал и освојувал награди на многу меѓународни конкурси за карикатура.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »