речник контакт

Милошоски - во Велес се зголемува бројот на невработени а нема ниту една капитална инвестиција

Компаниите треба да бидат помогнати со грантови за пласман на производството вели пратеникот Антонио Милошоски

Петар Печков

Пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски одржа прес конференција, по посетата на две компании во Велес, Јooпоне и Маркарт. Тој кажа дека во Велс нема капитални инвестиции  поради што се зголемува бројот на невработени.

За жал состојбата која ја има во Македонија, ја има и во Велес.  Тоа е зголемен број невработени. Лани во јануари во Велес имало 4,2 илјади невработени, една година подоцна бројката е покачена на  пет илјади активни невработени. Тоа говори за сериозниот економски притисок врз граѓаните на Велес. Втора работа која сакам да ја истакнам, а што загрижува е големиот јавен долг во државата.   И за тој зголемен јавен долг не се направи ниту еден капитален објект за Велес. Трошењето на тие пари преку ваучери, излезе дека е само предизборен маркетинг - кажа Милошоски.  

На прашањето зошто изборот паднал на овие две компании, при денешната посета, Милошоски одговори дека е за да се направи споредба меѓу домашен - велешанец стопанственик и странски инвеститор.

Луѓето се судруваат со исти проблеми. Со немање на разбирање од економскиот тим на Владата, оиве инвеститори  се запоставени.  Тие треба да бидат потпомогнати со грантови за репроматеријали, со помош на пласман на производите. Со тоа ќе расте и производството и бројот на вработени - додаде Милошоски.   

Со него во посета на Јоопоне -извозно ориентирана компанија која произведува медицински помагала  и Маркарт -германска компанија која произведува автомобилски делови, беше и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Велес Игор Здравковски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »