Петар Печков
Објавено: среда, 12 февруари 2025
Ланската 2024 година екипите на Итната помош Велес имале 25.685 интервенции што е помалку за 5,5 илјади отколку во 2023 година, кога имало 31.176 интервенции.
Од вкупниот број интервенции во амбуланта биле 19.740 а претходната 2023 година имало 19.648 интервенции. Лани скоро подеднаков е бројот на дневните и ноќни интервнции. Во 2023 било 12.820 дневна смена и 6.828 во ноќна.
„Опаѓањето на бројките на наши интервенции значи дека пациентите повеќе ги користеле услугите на матичните докотри и дека имале подобро здравје, што ме радува. Свесноста на граѓаните пораснала, не се јавуваат за најситни проблеми, за мал сиптом, главоболка и слично“ – кажа д-р Марјан Мишев од службата за Итна медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес.
Прегледи на терен лани имало 5.945 интервенции преку ден 3.283 а во ноќна смена 2.662. Тоа е осетно намалување во однос на прегледи на терен во 2023 имало 11.528 од нив преку ден 9.268 а ноќе 2.260.
Минатата година се намалил бројот на услуги од медицинските сестри од Итната помош 27.834 што е поголем број на здравствени услуги во амбуланта, повеќе од прегледи на докторите. Од овој број 14.298 биле дење а 13.536 ноќе. Преврски, пуштање на инјекции во 2023 имало 36.534, од нив 20.590 во амбуланта а 15.994.
Во 2024 имало 8.558 домашно лекување/ имало 155 сообраќајки починати нема.
Овој период по ангажирањето на три докторки и четири медицински сестри екипираноста на службата е зголемена, има 10 доктори, 17 медицински сестри и 10 возачи и осум амбулантни возила.
Tweet |