речник контакт

Министерот Бочварски најави дека до крајот на октомври ќе се завршат градежни работи на делницата од автопатот Катланово -Петровец (фото)

Дали по три години се гледа крајот на работите

Петар Печков

По денес извршениот увид на автопатот Велс - Скопје, делница Катланово- Петровец, надлежните со информација дека наскоро таа ќе биде завршена.  

„Десниот коловоз од автопатската делница Катланово - Петровец ќе биде пуштена за сообраќај до крајот на месец октомври со што сообраќајот ќе биде пренасочен по комплетно реконструираниот и проширен автопат. Во овој момент се поставува третиот асфалтен слој, новите изведувачи со одлично темпо ги привршуваат асфалтерските работи“ - соопшти на неговиот ФБ профил министерот за транспорт и врски  Благој Бочварски.


Денеска, во рамки на редовните активности, увид во работите на рехабилитацијата на автопатот Катланово- Петровец извршиле  директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Присуствуваа на завршното асфалтирање на левиот коловоз по што ќе се премине со работа и рехабилитација на десниот коловоз.

„Целта е да се подигне нивото на безбедноста на учесниците на сообраќајот како и комплетна автопатска делница по сите стандарди. Проширувањето се одвива во внатрешниот зелен појас на автопатот со цел да се избегне дополнителна експропријација. Работите се одвиваат со засилено темпо со цел овој проект да се заврши до крајот на годината како што е предвидено во договорот“ - објави на ФБ  Ејуп Рустеми  директорот на Јавното претпријатие за државни патишта.

Вкупната предвидена рехабилитирана должина во двата правци е над 10 километри, а вредноста на договорот е 391 милиони  денари, средства обезбедени од ЕБОР.

Изведувач на работите е ,,МАКИМСАН" акционерско друштво за асфалт, изведба, градежништво, индустрија и трговија, подизведувач е ,,Стентон", а надзор Градежен Институт Македонија АД здружен со ,,Евро Конслатинг" ДОО.

фото ФБ/ ЈПДП /Министер Благој Бочварски

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »