речник контакт

Министерот Тодоров дојде да избира директор во Болница

В.д директорот ќе биде личност со високо ниво на интегритет , кој е ценет и почитуван не само во колективот туку и пошироко

Петар Печков

Во посета на велешката Општа Болница беше министерот за здравство Никола Тодоров. Тој дојде за да види  кој ќе биде вд. Директорот на оваа здравствена институција, откако неодамна го разреши д-р Ванчо Граматов. Затоа одржа состанок со колегиумот и сите началници на одделенијата. ТРМР дознава дека на оваа средба сите тие детално му реферирале на министерот со колку персонал располагаат, доктори и сестри, колку кревети, каква е искористеноста, на што пациентите реагираат, од што тие заболуваат.

Дојдов да го видам потенцијалот на Болницата за поставување  на в.д директор, бидејќи сигурно е дека тој ќе биде од внатре од постојните доктори.    Јас вообичаено во вакви ситуации разговарам лично со кандидатите, да ја видам нивната визија, да ги проценам нивните способности и најважно да најдам личност со високо ниво на интегритет , кој е ценет и почитуван не само во колективот туку и пошироко. Не е лесно да се избере вистинскиот, бидејќи тој е огледало  на живеењето во локалната заедница рече министерот Тодоров.

Тој најави дека конкурсот за трите места за доктор специјализант ќе биде распишан, веднаш штом ќе биде именуван в.д. директор. За него се премалку овие три места, бидејќи децениската негрижа резултирала со ваква состојба. На прашањето кога ќе бидат примени медицински сестри кои стажираат и по 12 години,  Тодоров рече дека во земјава има 1774 волонтери во здравството и тие се преголем товар за да можат да бидат примени наеднаш, оти тој се провлекува 20 години. Но во наредниот период  пополека ќе се решава со новиот Закон за здравствена заштита. 

За радиолозите  кои работата со висока стручна спрема а примаат плата со пониска, министерот изјави дека та е проблем кој треба да го решава менаџерскиот тим на институцијата. На реакцијата на медицинските сестри дека нивни колешки примаат надоместок за работа во сабота, недела, во празник, Тодоров ја потврди и рече дека тоа е прашање на конкуренцијата и ако некој сака да добива такви надоместоци, треба да се обиде да се ангажира во таа здравствена институција.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »