речник контакт

Министерот Филипче познат е кластерот, по зголемениот број на заразени со ковид-19 во Велес

Сметам дека според бројот на пациенти, начинот на третман,случувањата во Велес се под контрола - рече министерот Филипче на попладневната прес конференција

Петар Печков

Дваесет и четири лица за четири дена се регистрирани како ново заразени со ковид-19 во Велес.  Повеќето од нив потекнуваат од текстилна конфекција, а има случаи и на нивни блиски од семејствата. На попладневната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче, кажа дека е познат кластерот од каде се шири заразата, но дека таа била под контрола во Велес.

Го знаме кластерот и нема неконтролирана трансмисија, не е потенцијално  силно жариште оти имаме увид.  Денес во Центарот за јавно здравје како поддршка и дополнителна стручна  помош се лица од Институтот за јавно здравје до Скопје   и  Државниот санитарен и здравствен инспекторат, за подетално  да се направи анализа на овие случаи кои последните денови се евидентирани . Сметам дека според  бројот на пациенти, начинот на третман,  случувањата во Велес се под контрола - рече министерот Филипче. 

На новинарското прашање кој е тој кластер, побара да провери во епидемиолошката анкета.  Јавноста во градот пак ги очекува резултатите од трудовата инспекција, а по реакциите на вработените кажани во јавноста, дека биле принудувани да одат на работа  се додека не ги добијат резултатите од тестовите по земените брисеви, иако се жалеле дека имаат симптоми. 

Во Велес денес се евидентирани 46 активни случаи позитивни на ковид-19, 24 се сместени на  Инфективно одделение при велешката Болница,   22 се на домашна изолација а четири лица се со симптоми и хоспитализирани чекаат резултати од тестирањето. 

Градоначалникот Аце Коцевски на прес конференција соопшти дека   двајца пациенти се  на кислородна поддршка во Инфективно одделение во Велес, еден велешанец е  подолго време на клиника во Скопје на респираторна машина, додека  еден  е во  Градска болница  во Скопје, превентивно заради  дијализа, но не бил во лоша здравствена  состојба.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »