речник контакт

Министерот за правда Тупанчески во посета на Основен суд Велес

Целта најавената дигитализација на судството и човечките ресурси во судот како и неговите просторните и технички можности

Петар Печков

Во посета на Основен суд Велес денес беше министерот за правда  Никола Тупанчески. Целта најавената дигитализација на судството. Тоа е еден од поголеми и позначајни проблеми што ги нотираат учесниците во судските процеси  во велешки суд, како судиите така и странките. Затоа во придружба на министерот Тупанчески заменикот претседател на Советот за ИКТ во правосудните органи д-р Гордана Лажетиќ.

„Беа разменети мислења за текот на реформите во правосудниот систем во земјава, потребите на Основниот суд Велес во однос на процесот на дигитализација, предизвиците кои претстојат, имплементацијата на овој процес и подготвеноста на судиите и судската служба во нивно брзо имплементирање, како би се постигнале европските стандарди во областа на владеење на правото“- кажа Лидија Димова претседател на Основен суд Велес.

На средбата присуствувале претседателот на судот Лидија Димова, заменикот претседател и претседател на кривичниот оддел судија Габриела Гајдова и претседателот на граѓанскиот оддел судија Александар Шопов.

Гостите биле запознаени  со човечките ресурси во судот, просторните и технички можности, особено на судниците во кои се очекува оваа година да се отпочне со нивно техничко и ентериерно уредување.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »