речник контакт

Министерството за транспорт и врски ја објави конечната листа на лица кои добија станови во т.н. социјална зграда во Велес

Аплицирале 59 лица, станови добија 29, 19 пријави не биле комплетни а 11 се одбиени

Петар Печков

Објавена е конечната листа на добитници на т.н. социјални станови изградени во Велес. Таа опфаќа 29 лица.  Листата ја објави Министерството за транспорт и врски и може да се најде тука. На јавниот повик објавен на 22 октомври се пријавиле 59 лица, од нив 19 пријави биле некомплетни и не биле разгледувани.

Прелиминарната листа од 40 кандидати беше објавена пред еден месец на 18 ноември,  била разгледана од Комисијата, која ги посетила домовите на велешани, кои аплицирале. На 11 кандидати апликацијата била одбиена. Листата на на 29 лица кои добиле социјален стан  е конечна. 

На неа се лица од категориите деца без родители или родителска грижа, корисници на право на гарантирана минимална парична помош, лица со попреченост или семејства со лица со попреченост, самохран родител, припадници на ромска популација социјално загрозени.

Станбенaта зградa со социјални станиови е на улицa „Раштански пат“ бр. 20.  Зградата е на пет ката, со површина на становите од 38 до 42 м2, инвестиција на АД  за изградба и стопанисување  со станбен и деловен простор.

Социјалната зграда е лоцирана близу до АД Киро Ќучук. Започна да се гради на 14 април 2021 со најава дека ќе заврши  за една година, потоа рокот се продолжи за октомври 2022.

Соседите на зградата зборуваа дека на почетокот на градбата два пати биле рушени темелите поради слабиот квалитет на материјалот, па бил променет и изведувачот. Во  септември годинава конечно е донесена вода до зградата, по што таа беше технички примена.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »