речник контакт

Министерството за труд и социјална политика со реакција на вчерашниот прес на градоначалникот Колев и претседавачот на Советот Љутков

Министерството нема да дозволи политизирање и отстапување од законските одредби при донесување одлуки од страна на општините

Петар Печков

Министерството за труд и социјална политика ги демантира медиумски излагања на градоначалниците на општините Гази Баба и Велес за наводни политички игри и поддршка на незаконито работење на градинките во овие општини.

Министерството за труд и социјална политика има надлежност да врши надзор на работата на градоначалниците и Советите на општините во областа на детската заштита.

Интенцијата на министерството е владеење на правото и законите со посебен акцент што се работи за предучилишни установи и нема да дозволи нивно политизирање и отстапување од законските одредби при донесување одлуки од страна на општините.

Во случајот на Општина Велес изјавата на градоначалникот ја сметаме за несериозна и целосно непознавање на законот и областа за која тие се непосредно надлежни, како основачи на предучилишните установи.

Даденото укажување и даденото решение за одземање на овластувањата на Советот на општината е согласно Законот за заштита на децата, затоа што со претходното добиеното укажување на општината и беше даден разумен рок за постапување која таа не го испочитува.

Министерство за труд и социјална политика

Вчера на прес конференција Градоначалникот  на Велес Марко Колев и претседавачот на Советот Зоран Љутков реагираа на одуката на МТСП за одземање на ингеренциите врз детската градинка, со коментар дека одлуката е нејасна и непрецизна и е донесена под политички притисок нa општинското раководство на СДСМ Велес.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »