речник контакт

Мирен протест пред Црна Џамија, но со повик за Џихат за муслиманските верници

Незадоволни од говорот на омраза на штипјанец на социјалните мрежи, еден од говорниците возврати со повик на Света војна

Петар Печков

 Во саботата на пладне пред  Фазли Ахмет Пашина Џамија, кај велешани позната како Црна Џамија се одржа протест на дел од муслимански верници од Велес.  Според видео материјал кој беше проследен на социјалните мрежи, причина за протестот е што лице од Штип, упатило погрдни зборови кон Алах, или како што верниците на протестот го именуваат „патеникот“ но и кој муслиманската нација.   Видео материјалот кој беше достапен до синоќа, од вчеравечер е избришан од ФБ.

Првиот говорник, посочи дека тие се повредени од кажаното и бараат надлежните државни институции да преземат мерки за санкционирање на говорот на омраза кажан од штипјанецот.

Имаме добар соживот во Велес и сакаме да продолжиме, но бараме лицето  што ги кажа тие зборови, да биде казнето - кажа првиот говорник.

Ако ова се повтори уште еднаш, ние ќе војуваме со тие луѓе што го кажуваат. Законот во Куранот (светата книга на муслиманите), кажува правете Џихат во името на Алах. Ние муслиманите ќе се кренеме и ќе решаваме на радикален начин  Не се плашиме од никого - Фрат Мемедовски, како што го идентификуваа  присутните на протестот, вториот соговорник.   

Дел од присутните на протестот по завршувњето на говорот на Мемедовски, го поддржаа во повик „Алах е голем“. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »