речник контакт

Мировен корпус

Иако присутни во Македонија само три месеци, членовите на американската владина организација „Мировен корпус“ на свечената заклетва...

Петар Печков

Иако присутни во Македонија само три месеци, членовите на американската владина организација „Мировен корпус“ на свечената заклетва  пред присутните гости одлично ја испеаја македонската химна „Денес над Македонија се раѓа“ за што добија голем аплауз.  

Така започна церемонијата на давањето свечена заклетва на педесетина американци, кои во земјава ќе престојуваат наредните две години.

- Изминатите десет години Македонија направи значителен напредок во прифаќањето на процедурите на демократијата, подобрување на благосостојбата на своите граѓани и унапредувањето на човековите слободи и права. Во овој период волонтерите од Мировниот корпус се изборија за достојно место и го заслужија респектот и благодарност на македонските граѓани за вредната и посветена работа - изјави претседателот Бранко Црвенковски, честитајќи им го двојниот јубилеј десет години од нивниот ангажман во Македонија и 45 години од формирањето на Мировниот корпус.  

Тој е формиран 1961 година од тогашниот претседател Џон Ф. Кенеди а програмата претставува практичен и очигледен симбол на американскиот придонес за напорите за мир во светот, изјави амбасадорката на САД во Македонија Џилиен Миловановиќ.

Мировниот корпус има три дефинирани цели, да се обезбедат доброволци кои ќе дадат  продонес во развојот на заинтересираните земји, да им помогнат на луѓето од тие земји да ги разберат американците и да им помогнат на американците да стекнат подобро разбирање за другите народи во светот  - рече МиловановиЌ.

За овие десет години во Македонија престојувале 300 волонтери, кои работеле во граѓанскиот и невладин сектор во образованието и во локалната самоуправа. По свеченоста новите добороволци заминаа во дваесетина македонски града каде ќе помагаат во развојот на локалната демократија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »