речник контакт

Мирчевски го фати крстот во Извор и помагаше на повредените во новогодишната сообраќајка

Пример за човечност и хуманост, која се помалку ја има кај младите

Петар Печков

На младиот изворчанец Зоран Мирчевски, годинава му почна успешно како верник  но и како голем хуманист.  На Водици го фати  крстот  во  Извор. Зоран претходно,  утрото на 1-ви јануари, кога се враќаше од дочекот на Нова година, бил меѓу присутните кога се случи страшната сообраќајка, близу Градската  библиотека, кога три млади момчиња беа тешко повредени.  И тој во метежот и паника што таму се создала имал ладна глава, па помагал. 

 Кога излезе од автомобилот, сопругата на возачот  беше преплашена и помали рани. И помогнав додека не стигна Брзата помош и ја сместив  во неа.  Што се однесува до фаќањето  на крстот, шест пати до сега сум скокнал и три  пати бев успешен. Тоа е  животот - вели кратко Мирчевски, кој има 22 години  и е вработен во ,,Брако,,. 

Иако живее во Извор секојдневно  патува до своето работно место. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »