речник контакт

Мистериозна свадба

Од Associated Press стигнуваат гласини дека во вилата на Џорџ Клуни, во Северна Италија се спрема една тивка свадба. Кој би можел да прави свадба во италијанскиот град Лаглиу овој викенд?

Аница Солева

Хмм, да видиме, може ли да се Сиена и Анакин? Или можеби Мајк Џексон конечно одлучил да се ожени со своето плишано зајче? Многу прашања, а само еден одговор. Одговорот го знае Клуни, но молчи како нем. Папараците будно ја следат вилата и кажуваат дека се спрема некоја акција, ама незнаат за што станува збор. „Сигурно е дека не се работи за пречек на газда Клуни, бидејќи секогаш го чека глисер, а глисерот сега го нема“, забележал некој од соседите. Службените холивудски трачери собраа два и два и дојдоа до решението. Во сабота, свадба ќе прават долгогодишните пријатели на Клуни, Бред Пит и Анџелина Џоли кои и претходно планирале да прават свадба таму, но во последен момент ја откажале. Дали конечно и тие ќе прават свадба? Ќе разбереме!

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »