речник контакт

Митови или вистини

Постојат многу митови, многу од нив се прифатени како безусловни вистини, но дали навистина е така?

lj lkjl

[b]Косата и ноктите продолжуваат да растат и по смртта [/b] Иако навистина така изгледа, се работи за морбидна оптичка илузија. По смртта, човечкото тело рапидно дехидрира, повлекувајќи доволно кожа ја зголемува експонираноста на косата и ноктите. [b] Зевањето е „заразно“[/b] Емпириски, ова е тешко да се негира; големи се шансите да зевате додека го читате ова. Вистинското прашање е дали всушност постои некој физиолошки механизам овде, а одговорот е веројатно да; дури и шимпанзата си ги пренесуваат зевањата. [b] Гром не удира двапати на исто место[/b] Всушност, громот си има омилени цели, особено високи локации. Највисоките светски облакодери ги удира гром десетици пати годишно. [b]Мажите помислуваат на секс на секои седум секунди [/b] Еволуциски гледано, мажите имаат нагон за репродуцирање, но не постои научна метода за определување до кое ниво тој им го конзумира секојдневниот живот. За среќа, седум секунди е грдо хиперболизирање, со сигурност тврдат истражувачите. [b]Кучињата имаат почиста уста од луѓето [/b] Наспроти навиката да лижат и онаму каде што човек ни со ракавица не би допрел, кучешката муцка важи за технички постерилна. Вистината е дека оралните бактерии до таа мера варираат во зависност од врстата на домаќинот, што никако неможе едни да се сметаат за почисти од други. Различни – да. [b]Поради ротацијата на Земјата, водата во јужната хемисфера истекува во обратен правец[/b] Земјината ротација е премногу слаба за да влијае врз правецот на вртлогот. Ова лесно се докажува доколку се пуштат неколку чешми и се забележи дека има и леви и десни вртлози – во зависност од структурата на сливникот. [b]Кај возрасни не растат нови мозочни клетки [/b] Голем дел од суштествениот развој на мозокот кај човек се случува во детството, но потоа не е се’ црно. Студии имаат покажано дека невроните продолжуваат да растат и да се менуваат во добар дел од подоцнежните години. [b]Луѓето користат само 10 проценти од мозоците [/b] Овој прочуен мит е во оптек барем еден век. Среќа, не е точен. МРИ сканови јасно и шарено прикажуваат дека луѓето сосема добро го користат поголемиот дел од својот церебрален кортекс, дури и додека спијат. [b]Големиот Кинески Ѕид е единствена човекова творба што се гледа од вселената [/b] Постојат неколку варијации на овој исказ и сите се квантификативно погрешни. Астронаути можат да го видат Ѕидот од блиската орбита, но и многу други работи, како пирамидите во Гиза, па дури и авионски писти. Од Месечината Кинескиот ѕид – не се гледа.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »