речник контакт

Михов на СП истрча 226 км за 24 часа

Со овој резултат, нов државен рекорд, тој беше 44-ти во светот и 34-ти во Европа

Петар Печков

На Светското првенство во 24 часовно трчање, македонскиот репрезентативец  атлетичарот Трајче Михов постигна нов државен рекорд. Тој за овој  период истрча 225, 980 км.

Со овој резултат тој беше 44-ти од 180 натпреварувачи на Светското првенство кое се одржа викендов во Торино Италија. Истовремено  се одржуваше и Европското првенство, каде со безмалку истрчаните 222 км Михов го зазеде 34-тото место од  127 учесници.  

Михов е член на АК од Велес од Велес а досегашниот рекорд, кој беше негов  резултат беа  истрчани 222 км за 24 часа.

Светски и европски првак стана Германецот Реус Флоријан кој за 24 ч. претрча 264 км, втор беше полјакот  Павел Шинал со 261, 181  км. а трет Британецот Роби Брајтон со 261,140 км.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »