речник контакт

Мицкоски од Велес- со новата програма ќе понудиме решение за реалните проблеми на граѓаните

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги посети Агриа, Лутекс и Ронтис и најави ако дојдат на власт, враќање на рамниот данок

Петар Печков

Денес  лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски  во рамките на акцијата „Обновата пред вашиот дом, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вашиот град“ беше во Велес. Посети три успешни фирми и разговараше со менаџментот.  

Слушнавме за реални проблеми од страна нашите соговорници, а се однесуваат на подобрување на условите за водење бизнис во Република Македонија. Но, она кое што исто така е за нас важно, да дел од искуствата кои што како  претприемачите од велешката општина ни ги пренесоа,  да видиме дали и како можеме да ги вклопиме во концептот на нашата предизборна програма.   Веќе од ова недела ќе имаме и јавна промоција на дел од тие мерки, посебно оние кои што се однесуваат на бизнисот - изјави Мицковски.  И најави враќање на рамниот данок, ако дојдат на власт. 

На новинарското  прашање зошто посетува успешни  фирми лидерот на опозициската ВМРО-ДМПНЕ објасни дека сака да слушне формула за успех.

Да ги направиме и поуспешни, доколку се разбира идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, може. Да слушнеме која е формулата за нивниот успех и како таа формула да ја подобриме, односно да ги направиме уште поуспешни, да вработуваат што е можно повеќе луѓе бидејќи само така може и државата и ние политичарите да имаме корист. Да поразговараме за проблемите, бидејќи тие  фирми се успешни, како  наоѓаат начин да ги решаваат најголемиот дел од проблемите. Но секако остануваат и проблеми кои што се нерешени, односно кои што можеби ние како политичари, можеме да помогнеме да се решат - дополни Мицковски. 

Тој ги посети месната индустрија ,,Агриа,, која е најголем производител на свинско месо во Македонија и има 302 вработени,  текстилната фабрика ,,Лутекс,, со 56 вработени, германска сопственост која произведува техничка ткаенина за перници и душеци, кои целосно се извезуваат во Германија и ја посети ,,Ронтис,, швајцарска компанија која брои 303 вработени а произведува медицински помагала, од нив 95 отсто завршуваат на пазарите во странство.   

На новинарско  прашање што ќе има ВМРО-ДПМНЕ во новата програма за Велес , на што ќе се насочи,Мицковски кажа јавноста да причека до сабота, кога партијата ќе започне со промоција на проектите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »