речник контакт

Млад велешанец по трет пат позитивен на ковид-19, двајца починати од последиците на корона вирусот

Денес е регистриран 41 нов случај на позитивен на ковид-19, во велешка Болница згрижени се 45 пациенти

Петар Печков

Изминатите 24 часа починати се двајца пациенти од Велес позитивни на ковид-19. Еден од нив е на 54 годишна возраст кој бил на лекување во болница во Скопје за кого информираа од Министерството за здравство  и маж на 90 годишни возраст кој се лекувал на Инфективно одделение а имал коморбидитети, за кого соопштија од велешка Болница. Со ова бројот нa смртни случаи како последиците на корона вирусот во велешко се искачи на 286 лица.

Изминатите 24 часа во велешко има регистрирано 41 нов случај на лица позитивни на ковид-19  а оздравени се 28. Ова се податоци кои ги објави Министерството за здравство.

Во велешко активно е 361  лице со ковид-19. Едно од нив, млад велешанец на неговиот ФБ профил објави дека е по трет пат позитивен на ковид-19. Блиски негови потврдија дека не оди нa работа и се наоѓа во изолација. Од Центарот за јавно здравје Велес не можеа да потврдат ниту да демантираат дека  има таков случај, со објаснување дека начинот на водење на евиденција не е  збирен за секој пациент, туку поединечен.  Во Македонија досега има седум такви случаи, лица кои по трет пат имаат ковид-19.

Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница е 45  пациенти, девет повеќе  од вчера. Ново примени  се 11 пациенти, ко нив тројца се префрлени од Интерно одделение, испишан како оздравен со еден негативен тест е еден пациент .

„Од згрижените пациенти,  37  се позитивни, непотврдени се  четворица,   негативни се тројца.  На кислородна поддршка се 20  пациенти“ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.

На Инфективно одделение згрижени се 40 а капацитетот е 54 кревети а на Интерно одделение се пет пациенти.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »