речник контакт

Младински да се преименува Тоше Проески

Градоначалникот на Велес до Советот на општината покрена иницијатива реконструираниот Младински парк да го носи името на најголемата македонска поп звезда Тоше Проески.

Петар Печков

Градоначалникот на Велес до Советот на општината покрена иницијатива реконструираниот Младински парк да го носи името на најголемата македонска поп звезда Тоше Проески. Во име на човечноста, љубезноста и благородноста на Тоше Проески, Младинскиот парк да го носи неговото име и да стане симбол на хуманите вредности на човештвото, објасни Коцевски.

Истовремено до Фондацијата „Тоше Проески\" и до семејството на трагично загинатата ѕвезда секојдневно стигнуваат предлози - објекти, институции, улици или паркови да го носат неговото име. За некои иницијативи, награди и за песни што му се посветуваат на Тоше, неговата фамилија дознава од медиумите.  Не\' радува и што секојдневно добиваме предлози, награди на фестивалите, објекти, улици и училишта да го носат името на Тоше. Но, по трагичниот настан замоливме да мине барем една година од неговата смрт за, колку што можеме, да се соземеме и со поинаков поглед да ги погледнеме нештата. Годинава што минува е исполнета со големи бранови тага. Кога тие бранови барем малку ќе се смират, ќе ги разгледаме сите предлози. Ќе се обидеме да ги одбереме тие што најдостоинствено ќе го претставуваат ликот и делото на нашиот Тоше, без да навредиме некого - велат од неговата фамилија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »