речник контакт

Младинскиот репрезентативец Димитриевски настапува во Катар

Велешанецот ќе игра во Катар нареднава сезона

Петар Печков

Дарко Димитриевски ( 20 год) потпиша едногодишен договор  со Катар спорт клуб, за кого ќе настапува следната сезона. Тој игра на позицијата лев среден бек  и претходната беше дел од екипата која го освои петото место во тамошната лига, од 12 екипи. Задоволни од неговата игра, катарците му понудиле нов договор, кој тој го прифанал.

Според новите планови на управата, со засилувањата годинава  треба да бидеме подобро пласирани од лани. Лигата е мошне силна се вложува многу во ракометот, оти тие се организатори на  СП во 2015-тата и сакаат, освен што ќе бидат добри домаќини да остварат и добар резултат -  вели Димитриевски.

Тој има играно за младинската селекција на Вардар, па со екипата на Куманово  го освојува третото место и игра во ЕХФ купот. Додава дека добро се снашол во Доха, каде иако има тешки временски услови за живеење, поради високите температури и влажност, салите биле одлично климатизирани па немале проблеми со секојденвните обврски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »