речник контакт

Младиот кромид од Башино село завршува на хрватскиот пазар

Најпознатиот велешки бренд, младиот кромид од Башино село, годинава завршува на Хрватскиот пазар.

Петар Печков

Најпознатиот велешки бренд, младиот кромид од Башино село, годинава завршува на Хрватскиот пазар. Секој ден од селото еден шлепер заминува за Хрватска, по што овој производ се најде на тамошните трпези. Третина од целото годинашно призводство се извезува за Загреб.

- Успеавме преку струмичанец да контактираме со познатиот хрватски ланец маркети „Конзум“ кој откупува дел од производството. Задоволни сме од цената 50 денари за килограм и секој ден, шест тони млад кромид, се откупуваат и извезуваат за Хрватска – вели Тодор Блажевски, кој е среќен бидејќи откупувачот сами го пронашле. Тој и неговото семејство се вклучени во одгледувањето на овој градинарски производ девет месеци, за овие два го наплатат нивниот труд. Пласманот бил обезбеден до католички Велигден и договорено е сто тони  да завршат на овој пазар.

Годинава младиот кромид од Башино село е засаден на 50 хектари и се очекува да се произведат 300 тони. Во Башино село кое брои 200 куќи со илјада жители, безмалку сите работат исто и тоа им е основна егзистенција. Звукот на камионот кој доаѓа во селото е надеж дека нивното производство нема да остане на нива. Стандардно во селото доаѓаат прекупци од Арачиново кои потоа го продаваат на пазарот во Косово и Македонија, а присутни се и купувачи од Бугарија и Србија. Башиноселци се оптимисти дека по неколкуте посни години, оваа поголемиот дел од производството ќе се продаде а тие ќе заработат.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »