речник контакт

Младите велешки мотористи и без заштитен шлем и без возачка дозвола

Фатени и тројца пијани шофери. ,,Уловен,, и пијан шофер кој се движел неконтролирано од Штип кон Скопје, па го бркале се до наплатна Отовица

Петар Печков

Во текот на викендот од страна на сообраќајната полиција  при ПС  Велес,   преземени биле  засилени контроли кон  возачите кои управуваат  мопеди и моторцикли.

При контролата  од СВР Велес информираа дека се констатирани вкупно 60 прекршоци, од кои најчест прекршок е неносење на заштитен шлем за кои е предвидено глоба во износ од 50 евра, како и управување без возачка дозвола.

Исто така, во текот на викендот се констатирани и 3 прекршоци против возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол, истите се исклучени од сообраќај.

Во текот на викендот покарактеристичен настан е кога е постапено по пријава од граѓанин за лице кои управувало автомобил,  на регионален пат правец Штип-  Велес и се движело неконтролирано, лево десно по патот. На овој начин автомобилот   и возачот,  кој бил од   Кочани, претставувале опасност по останатите учесници во сообраќајот. 

Од страна на сообраќајна контрола на даден знак да застане истиот не ја почитувал наредбата односно незастанал и се дал во бегство, по што се упатиле по него и возилото е пресретнато и застанато, и при извршената контрола е констатирано дека истиот го управува возилот под дејство на алкохол, неположено и нерегистрирано. Истиот е исклучен од сообраќај со цел да не ги доведеува во опасност останатите учесници во сообраќајот –соопштија  од СВР Велес. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »