речник контакт

Младите велешки волонтери од Црвен крст, пример за хуманост

Пехарот за хумани вредности за младите волонтери на Црвен крст од Велес. Со примерите за никола и Рамадан го добија републичкиот пехар

Петар Печков

Волонтерите од  Црвениот крст Велес за придонесот во подобрувањето на животот на  двајца нивни врсници Никола и Рамадан го добија пехарот за најдобри  хумани проекти во Македонија,  за изминатите 12 месеци.   Вложувајќи се себеси за лекување на овие две млади лица, велешките волонтери покажаа голема пожртвуваност, хуманизам, соживот и филантропија.  Со нивната работа  тие сменија нечиј живот, на подобро.

Докажевме дека со нашата посветеност и вложен труд  го менуваме светот на подобро, па макар тоа биле и двајца поединци, наши врсници.  Имавме повеќе  активности  но два проекти оставија силен белег. Тие се од хуман карактер со искрена намера да помогнеме – вели Ангел Јорданов  координатор на проектот во Велес.

Во работата на овие два проекти биле вклучени 40 млади од градот, членови на подмладокот на Црвениот крст од Велес. Тие преку хуманитарен  меѓу етнички концерт, театарска претстава, карате собир успеале да ги соберат потребните средства за помош на нивните врсници. Рамадан да оди на операција на окото, откако бил застрелан од ловечка пушка а Никола да замине во Турција каде докторите му помогнале во неговата болест. Ова признание е  во рамките на Републичкиот  проект на Промоција на хумани вредности проект     ,,Црвен крст во акција,, и признание на волонтерската работа на младите велешани,  нивната  хуманост и солидарност.

Пехарот е во вистински раце, младите од Велес се пример  за останатите кој треба да се следи. Преку оваа програма, младите се менуваат, ги прави подобри за заедницата и се повеќе лица се вклучуваат. Тоа радува, бидејќи се вклучуваат со вистински вредности –  Александра Ристовска од Црвениот крст на Македонија.

Програмата за промоција на хумани вредности трае со почетокот на учебната година за завршува со истата. Во неа биле вклучени  1.200 млади  на возраст од 14 до 18 години, од 12 града од Македонија со 202 проекти. Вкупно се изработени и 14 проекти оценети со сонце, кои  даваат голем придонес на заедницата, драстично смениле нечиј живот. Од вкупната бројка 80 се оценети со највисока оцена 5 а 109 проект со 4. Така во еден случај младите од Дебар изградиле куќа за социјално загрозено семејство, не со средства од Црвениот крст туку тие сами нашле финансии да се помогне на луѓето. Други изградиле пристапна рампа за нивен врсник, кој така ќе може да излегува од дома и се дружи  до пријателите.

Овие млади, со нивната жртва и вложување, даваат пример дека светот може да се менува на подобро. Им благодарам што покажаа дека се големи во душат и срцето, многу повеќе од дел од возрасните. Овие  деца   се гордост  за сите нас – порача д-р Милчо Трајков претседател на Црвениот крст на Македонија, при врачувањето на пехарот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »