речник контакт

Младите велешки истражувачи во Хјустон, со труд за стабилизација на ридот со згура

Тамара и Синиша примени на Олипијадата на средношколци во Хјустон САД

Петар Печков

Двајца млади велешки средношколци, Тамара Савевска и Синиша Јовиќ  успеаја да  дојдат до завршницата од научната Олимпијада за средношколци која се одржува во Хјустон САД. Таа ќе се одржи во мај  а  двајцата средношколци од  ПСУ Јахја Кемал ќе учествуваат со на тема „Портланд цемент и хидратна вар – ефикасни неоргански адитиви за стабилизација/ солидификација на згура богата со цинк и олово“. Помеѓу стотиците проекти на I-SWEEEP (The International Sustainable World (Energy, Engineering, and Environment Project),кои конкурираа оваа година бил избран и нивниот проект.

Нашето остражувањето е од областа на екологијата, односно на се уште актуелната тема за влијанието на загадувањето од Топилницата врз здравјето на жителите на Велес. Бевме  инспирирани од фактот дека се уште нема ефикасно решение за проблемот со згурата која претставува вештачки рид во близина на градот, па така целта на истражување е  да се најде најефикасен, ефтин и еколошки адитив за стабилизација на згурата богата со олово и цинк кој би ја преобразил во форма која нема да биде реактивна и ќе биде погодна за соодветно депонирање, а со тоа и ќе се оневозможи секакво понатамошно загадување од истата - објаснуvаат двацајта млади истражувачи.  

Овој проект не е прв од ваков вид за Тамара и Синиша. Во 2013 година тие учествуваа на 21 – та интернационална олимпијада INEPO во Истанбул, Турција, каде што за нивниот научен труд на тема ,,Можности за реупотреба на алуминиум сулфат од талог во процесот на преработка на вода"  освоија сребрен медал. Истата година Општина Велес ги награди со 9 – то Ноемвриска награда. 

Натпревар на светско ниво,  ќе се одржи од 7-ми до 11-ти  мај 2015 година во Хјустон, Тексас, САД, а младите истражувачи ги презентираат своите истражувања од областа на заштита на животната средина, енергијата и инженерството. Тамара Савевска е ученик во четврта а и Синиша Јовиќ, ученик во  трета година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »