речник контакт

Младите гo уредија Градски парк

Се обновија 14 клупи и се собра два кубни метри смет

Петар Печков

Со младински активизам, поправени се клупите во Градскиот парк на Велес  и се собираше смет од парковските површини. Ова го работеа членовите на  Младинскиот клуб од Велес при  Младински образовен форум. Нивната акција насловена ,,Сите за парк-паркот за сите,, се изврши саботата.

 Младите работеа на разубавување на јавната површина, при што се подобри состојбата на 14 клупи за седење, од кои 3 беа целосно репарирани и беа собрани  2 м3 смет од површината на Градскиот парк.  Целта на оваа акција беше да се разубави неискористениот јавен простор, да се поврзе младата популација со уличната уметност, како и да пренесе порака дека младите, како и останатите граѓани на Велес, можат да придонесат за јавните површини преку креативност - кажа  Стефани Спировска  претседателка на Младински образовен форум. 

Акцијата ја спроведе Медиа/Арт клубот – Велес, како завршен настан на одржаните работилници за креативен и младински активизам во изминативе месеци. Членови на клубот се млади Велешани на возраст од 15-20 години.  Оваа акција која покрај подобрувањето на состојбата на клупите, опфати и собирање на отпадоци и смет во паркот. За акцијата  помош добиле  од Општина Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »