речник контакт

Младите заминуваат, во Велес недостиг на работна сила

Но не се бега само поради работа и пари, се бега во подобро општество, почиста животна средина, култура меѓу народот и функционирањето на институциите

Петар Печков

Во Велес и велешко има недостиг на работна снага. Младите масовно  заминуваат надвор од државата, па во градот   повеќе фирми  имаа недостиг на работа сила. Одливот на млади и работоспособни се забележува и oд примерот на големите странски инвеститори.

„Странските инвестиции „Кромберг и  Шуберт“ од Илиндeн Скопје  како и„ Маркард“ Велес бараат работници, но за жал работници во Велес  за нивниот профил нема“ - велат од Агенцијата за вработување во Велес.

Во велешко, заедно со  општините Градско и Чашка,  според Агенцијата за вработување, во јуни годинава имало без малку 4 илјади невработени. Од нив млади  на возраст од 20 до 30 години се 1,3 илјади лица. Меѓу тие што заминуваат се и младите доктори.

„Во приватното здраво има проблем да се вработи млад кадар. Доктори заминуваат, оти процедурата е долга. Тие одат или во јавно здравство или во странство“ - вели д-р Лили Чолакова Дервишова.  

Преку лето голем број од младите во велешко сезонски работат во Хрватска и Црна Гора, во угостителството, како келнери, готвачи и собарки во тамошните летувалишта.  За нив сезоната започнува од мај трае  до октомври.

„Веќе трета година работам во Далмација. Работа има, има гости, има потреба од нас. Само јас знам десетина велешани кои годинава работат во близината на Сплит. Барем за половина година ќе обезбедам средства, за до следната“ - вели велешанец, кој работи во угостителството.   

Списокот на занимања кои недостигаат во градот е подолг. Нема ниту водоинсталатери, плочкари, нема ниту сечачи на дрва во планините, ниту овчари.  

Според пописот од 2002 година, Општина Велес броела  55.108 жители,  пописот од 2021 покажа дека има  48.463 жители  или  помалку 6.645.  Поголема смртност од наталитет, повеќе иселување внатрешно но и иселувањето од државата придонесоа за општината да има помал број жители. 

Ако во 2002 во Велес имало 8,3  илјади жители на возраст од 20-29 години, 20 години подоцна, возрасната група од 40 до 49 години брои  6.700  жители. Или таа е најбројна возрасна група во општината,  која со 1.600  жители бележи пад во населението. 

Но не се бега само поради работа и пари, се бега во подобро општество, почиста животна средина, култура меѓу народот и функционирањето на институциите.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »