речник контакт

Младите научници од Македонија се натпреваруваа во Велес

Во Велес 47. Смотра на млади истражувачи од средните училишта во Македонија, на кои учествуваа 206 средношколци во 22 научни дисциплини

Петар Печков



Во организација на Сојузот за млади истражувачи и наука на млади при Народна техника на Македонија,  во ССОУ „Коле Неделковски‘‘ се одржа 47. Смотра на млади истражувачи од средните училишта во Македонија.

На смотрите учествуваа 206 ученици кои на натпреварите беа дојдени со исто толку свои професори-ментори. Тие се натпреваруваа во 22 научни дисциплини како информатика, роботика, биологија, физика, хемија, фармација, систематика и други научни дисциплини.

Целта на овие традиционални смотри за наука е да се развие натпреварувачкиот дух кај младите - средношколците и преку овие натпревари и подготовките за овие натпревари, сакаме да го усмериме и усовршиме нивниот талент во дисциплината во која покажуваат посебни интереси и резултати - изјави Перо Митрев од Народна техника на Македонија.

Најуспешните натпреварувачи во сите дисциплини добија дипломи од организаторите, а првонаградените се стекнаа и со право на стипендија од Народна техника. Тие своите трудови што ги работеа во изминатите седум месеци, а денеска ги одбранија пред соодветна комисија на натпреварите, ќе можат да ги претстават и на штандовите на претстојниот Саем за образование во Скопје како и Еконова и Макинова.

Од Народна техника најавуваат годинава по првпат учество на најдобрите од оваа државна смотра и на балканијади и европски првенства за млади истражувачи.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »