речник контакт

Младите од Велес и Куманово во посета на својата општина

Целта е да се запознаат со работата на Советот и градоначалникот, како и секторите кои постојат во рамките на општината

Петар Печков

Младите од Велес и Куманово беа во посета на своите општини, со цел да се запознаат со работата на Советот и градоначалникот, како и секторите кои постојат во рамките на општината. За време на оваа посета, младите од страна на претставници на општината беа информирани за надлежностите на локалната самоуправа, како граѓаните може да ги остварат своите права, како младите можат да поднесат претставка и иницијатива до општината и за кои прашања и области можат истите да се поднесат.

Младите од Велес и Куманово имаа прилика да постават прашања за работи од локален интерес, за начинот на донесување на одлуките и имаа можност да ја согледаат важната улога која ја има локалната самоуправа во општествениот живот во Република Македонија.

Целта на оваа посета е младите подобро да се запознаат со надлежностите кои ги има локалната самоуправа, практично да ги запознаат секторите и одделенијата во самата општина, да се информираат за начините на комуникација со општината, како и моделите за остварување на некои свои права” рече Дејан Ристов, локален координатор во Фондацијата „Фокус“.

Посетата на двете општини е реализирана во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество во организација на Младински образовен форум, со поддршка од страна на Општина Велес и Општина Куманово кои и овој пат ги отворија вратите за младите од градот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »